Познат датумот за можна борба меѓу Вајлдер и Еј Џеј доколку ги победат следните противници

Додека двајцата беа светски шампиони, Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа се обидоа да договорат борба, но тој меч не се случи.

Бронзениот бомбардер и Еј Џеј ќе се борат на 23 декември на истиот настан во Саудиска Арабија, Вајлдер против Џозеф Паркер, Џошуа против Ото Валин.

Доколку и двајцата ги добијат тие срдеби, тогаш следната година конечно ќе се соочат. Познатиот новинар на ЕСПН, Мајк Копингер, го објави датумот на нивната можна борба – 9 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО