Реванш мечот меѓу Александер Поветкин и Дилиен Вајт повторно е откажан, бидејќи Русинот пак е во болница поради Ковид-19.
Поветкин требаше да боксира со Вајт на 30 јануари, откако го победи во пет рунди пред четири месеци, но неговиот промотер Андреј Рјабински вели дека Поветкин е заразен со коронавирусот, а за негово рехабилитирање е потребно подолг период.
„Саша мораше пак да оди во болница, иако го пуштија бргу и почна со тренинзи. Ќе ги зголемуваме задачите секојдневно, но мора да има надгледување на лекарите. Боксот е напорен спорт и нема да дозволиме неговото здравје да биде под ризик. Ги потценивме последиците од Ковид-19 и работите не одеа според посакуваното. Ќе видиме кога ќе се презакаже мечот“, вели Рјабински за новинската агенција ТАСС.