Повредите го вадат Тито Ортиз од октагонот

tito-ortiz-kael-sonen

Еден од најатрактивните ММА борци, Тито Ортиз, објави дека ќе прекине кариерата поради многуте повреди кои ги има. За последен пат ќе се бори на 21 јануари на галавечерта на „Белатор“. Негов ривал ќе биде Каел Сонен.

„Ова е одличен момент за завршување на мојата кариера.  20 години во кафезите е многу време. Сакав да продолжам, ако не беа повредите. Тие се мојот најголем непријател. Имам 26 или 27 потреси, стотици шавови, сменета крстна коска и на двете колена. Од десното е отстранет 50 отсто од менискусот. Моето тело е мојот најголем непријател“, раскажа најатрактивниот ветеран.

Ортиз го направи името во УФЦ со атрактивниот стил. Тој се прослави со победите кога ги поздравуваше навивачите со средниот прст.

https://youtu.be/epR7X5hBhB8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON