Најдобриот македонски боксер, Гоце Јанески, нема да го брани „Златниот гонг“ кој го освои минатата година поради повредата што ја заработи на раката на мечот Сесвете – Пинк Пантер во Загреб во 10-то коло на Регионалната боксерска лига.
„Жали ме што Гоце Јанески не е во можност да го брани вредниот меѓународен трофеј пред домашната публика. Сепак, тој е млад боксер и пред него е иднината, затоа не сакаме да ризикуваме со неговото здравје. Гоце мора да биде подготвен во секоја смисла за врвните натпревари што го чекаат, тој е иднината на македонскиот бокс“, вели неговиот тренер Оливер Станков од БК Аперкат.
Поради повредата Јанески ќе го пропушти и двомечот меѓу репрезентацијата на Регионалната бокс лига и Италија на 18 ноември во Подгорица, Црна Гора.
Ipon.mk/В.Д.