Рускиот боксер во супер тешка категорија, Александар Поветкин, се сомнева во желбата на светскиот шампион во верзијата на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, дека сака да излезе на рингот со него.
„Фактот дека не дојде да се бори со мене кога уште ништо не беше решено (за поништување на средбата), бидејќи во антидопинг системот не бев регистриран дека сум користел нешто забрането, тоа зборува дека можеби се било испланирано и тој дури и не се подготвувал за мечот со мене, не знам“, изјави во интервју за Интерфакс Поветкин.
Во исто време, поранешниот шампион во верзијата, Бирмејн Стиворн (25-2-1, 21 КО) коментира дека одамна му било познато оти Поветкин употребува мелдониум. Створн очекува Русинот да биде дисквалификуван, а носителот на титулата Дионтеј Вајлдер (36-0, 35 КО) вниманието ќе го посвети на него. Потсетуваме дека Вајлдер ја освои титулата на средба токму со Стиворн, победувајќи го на поени во јануари 2015 година.
„Јас знаев. Познато е дека Поветкин го користеше овој препарат уште во времето кога се бореше во аматерска конкуренција. Не знаеме за кој период ќе му бидат одземени правата на Поветкин – шест месеци или две години. Не се знае каква одлука ќе донесе ВБЦ. Но јас сакам да се борам со Вајлдер скам уште една одмазда. Го изгубив првиот натпревар не затоа што се борев лошо, бидејќи бев болен и имобилизирани“, изјави Бирмејн Стиворн.