Александар Поветкин, поранешен светски шампион во тешка категорија на ВБА, а сега веќе поранешен професионален боксер, се присети на славната кариера во шестминутен филм. Видеото е поставено профилот на рускиот боксер на Инстаграм.
Во него „Рускиот витез“ зборува за почетокот на кариерата кога имал само 13 години. На дел од видеото има и архивски снимки од првите средби во рингот на Поветкин.
Александар Поветкин ја заврши професионална кариера со прес-конференција што се одржа пред една недела, заедно со неговиот менаџер – Андреј Рјабински.
Потсетуваме, Дилиен Вајт го нокаутира рускиот боксер во четвртата рунда во Гибралтар на 27 март. Во првиот меч меѓу 41-годишниот Русин и „Крадецот на трупови“, Поветкин победи со нокаут. Мечот се одржа на 22 август 2020 година во тренинг кампот на Мечрум во Брентвуд, Англија.
Александар Поветкин ја заврши кариерата со биланс од 36 победи (25 со нокаут), 1 нерешен (со Мајкл Хантер) и 3 порази (од Владимир Кличко, Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Рускиот боксер е олимписки шампион во супертешка категорија на Игрите во Атина, Грција, одржани во 2004 година.