Поветкин: Никогаш не сум користел допинг средства!

alexander-povetkin-close 1

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Александар Поветкин (Русија), изјави дека нема намера наскоро да се враќа во рингот, освен за мечот против шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер. Русинот одговори на нападите на Американецот за тоа дека земал допинг средства. 

„Не сакам да се фрлаат дрвја и камења по мене. Не е потребно. Ја постигнав својата цел и станав официјален кандидат за титулата.

Допинг? Редовно поминувам допинг тестови. Никогаш ништо не пронашле, бидејќи ништо не сум земал. На диета сум. Примам многу витамини и аминокиселини. Сите овие приказни од Вајлдер и неговиот штаб се типичен американски потег. Тие сакаат да ги шокираат луѓето, но тоа е нивна работа. Јас секогаш сум подготвен за допинг тест, за да докажам дека сум чист“.

Поветкин е задолжително предизвикувач за титулата на Вајлдер и веќе се водат преговори за нивната средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON