Мек Грегор порача: Во 4-тата минута од првата рунда ќе го нокаутирам Алдо!

conor-mcgregor-mustak

Конор Мек Грегор е познат по тоа дека доста успешно ги предвидува исходите на своите борби. 

Мек Грегор рече дека ќе го победи Денис Сивер за помалку од две минути и го направи тоа пред втората минута на втората рунда. Кога му беше укажано дека прогнозата му е збунувачка, тој се извлече со изјава дека во првата рунда воопшто не се борел.

Сега за борбата против шампионот во перо категорија, Хозе Алдо, увереноста на Ирец исто така е висока.

„Секогаш правам точни предвидувања. Си ја Претскажав целата кариера. Ја предвидов иднината. Веќе знам кога е наредниот меч. Предвидувам дека во четвртата минута од првата рунда тој ќе биде нокаутиран. Силата ми ја гарантира прецизноста – тој не може да го сфати тоа. Прва рунда. Толку му е можноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО