Поветкин: Јас сум во шок! Ништо не сум употребувал и не сум примал

Povetkin so pojas na ramo

Рускиот боксер Александар Поветкин изјави дека не употребувал забранети препарати и е чист пред антидопинг организациите.

Денеска стана јасно дека борбата на Поветкин со Американецот Дионтеј Вајлдер, кој требаше да се одржи на 21мај во Москва, е одложен на неодредено време поради употреба на мелдониум од страна на Русинот. Мечот во супертешка категорија во верзијата на (WBC) – Светски боксерски совет.

Vajlder naostren

„Се разбира, непријатно е кога врз тебе ќе се фрли таква помија. Но, јас не чувствувам вина кај себе, ништо не сум користел и не сум примал. Од ништо не се плашам. Милдронат, како средство сум го користел до моментот кога го забранија“, рече Поветкин.

„Јас сум во шок во целата ситуација. Многу е непријатно. Не знам како ќе се реши овој проблем, но во моментов сè оди негативно“ додаде уште Поветкин.

Во примерокот од 27 април се откриени 70 нанограма (0,07 микрограми) мелдониум. Пред овој примерок Поветкин дал уште три- на 7, 8 и 11 април, кои биле негативни.

https://youtu.be/77AzmtuOSa8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON