Александар Поветкин ќе биде подложен на осум допинг тестови пред дуелот со Ентони Џошуа. Средбата се очекува да се одржи на 22 септември. Двете страни прават завршните договори.
Порано Русинот имаше сериозни проблеми со допингот. Два пати беше позитивен на допинг тестот.
🇬🇧🇷🇺 VADA have just confirmed that Anthony Joshua and Alexander Povetkin have been signed up for drug testing ahead of their upcoming September fight. Expect the official announcement soon.
— Michael Benson (@MichaelBensonn) July 1, 2018
„Поветкин веќе потпиша договор со ВАДА. Постојат одредени мерки кои ги преземаме за секој меч и за секој противник. Овде станува збор за четири месеци пред средбата. Не чини ни дополнителни 50.000 долари. Поголемиот дел од овие пари се за службено патување на допинг контролори во Русија, Велика Британија и САД. Поветкин ќе даде околу осум примероци“, истакна Еди Херн.
.