Поветкин е подготвен да се бори со Усик

Најдобриот руски боксер во тешка категорија Александар Поветкин ја потврди намерата да се бори со кралот во лесно-тешка категорија Александар Усик (Украина). За таков меч во текот на изминатите шест месеци имаше доста маубети.

Украинецот објави дека преминува во тешка категорија. Тој изјави дека ќе ги ослободи сите четири појаси во лесно-тешка категорија. Усик дебито во новата тежинска категорија ќе го направи против Камерунецот Карлос Такам.

„Преговараме за меч со Усик, но потоа од неговиот штаб рекоа дека имаат други планови. Немам ништо против да се бориме. Тој е добар и силен боксер. Ние сме во спортот, за да се застанеме против силни ривали“, откри Поветкин за „Октагон ТВ“.

https://www.youtube.com/watch?v=qzPNsP3VqiA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON