Додека Бирмејн Стиворн раскажува веројатна приказна дека организаторите во Русија веќе имале подготовена замена за него, Поветкин исто така го обвинува Хаитанецот.
37-годишниот Русин по втор пат годинава беше позитивен на допинг тест, а вели дека не знае од каде се недозволените супстанции кои се најдоа во неговиот организам и верува дека Стиворн барал каков било изговор да не влезе во рингот. Поранешниот светски шампион и самиот беше позитивен на допинг тест во очи на оваа неодржана борба, но Русинот сакаше да се одржи борбата.
„Мислам дека Стиворн, најверојатно, не сакаше да се бори. Тоа беше очигледно од самиот почеток. Во неговите очи не видов дека гори од желба. И воопшто, ми се чини дека не тренирал“, рече Поветкин.
„Зошто би земал некој допинг за да паднам на последниот тест? Тоа е бессмислено. Не знам како тоа ми се најде во телото. Кога дознав дека сум паднал на допинг тестот ми стана многу незгодно и многу се загрижив“.