Потврдена септемвриската борба на Џошуа и Поветкин

 

Anthony Joshua vs Joseph Parker

Ентони Џошуа (21-0, 20 КО) во следната борба ќе ги брани на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите светски шампион во тешка категорија против Александар Поветкин (34-1, 24 КО).

Борбата ќе се одржи на 22 септември на стадионот Вембли, каде што Британецот во април минатата година пред 90.000 гледачи го нокаутира Владимир Кличко.

28-годишниот Џошуа во март го победи Џозеф Паркер во Кардиф и во свое владение го додаде појасот на ВБО. На истиот настан 38-годишниот Поветин го нокаутира Дејвид Прајс.

Британцот беше во преговори за борба со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер. Бидејќи преговорите не резултираа, ВБА побара од Џошу да го брани појасот против задолжителниот предизвикувач од Русија.

Поветкин беше регуларен шампион на ВБА од 2011 до 2013 година, а неговиот единствен пораз во неговата кариера е Владимир Кличко.

Станува збор за судир на поранешни олимписки победници. Поветкин беше златен во Атина 2004 и Џошуа во 2012 година во Лондон.

Ниту еден боксер во историјата на тешката категорија неги држел сите четири најважни појаси, бидејќи ВБО во последните нешто повеќе од 10 години е прифатена како четврта голема федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON