УФЦ уште еднаш ќе се обиде да организира реванш меѓу Даниел Кормиер (19-1, 8-1 УФЦ) и Џон Џонс (22-1, 16-1 УФЦ).
На прес-конференцијата во Далас, беше најавено дека Кормиер треба да ја брани титулата во полутешка категорија и да се обиде да се реваншира за единствениот пораз во кариерата на 29 јули на УФЦ 214 во Анхајм.
Во неговата прва борба во јануари 2015 година, Џонс победи со едногласна одлука на судиите.
Реваншот прв пат беше закажан за април 2016 година, но Кормиер се повреди, а потоа Џонс не го помина допинг тестот. Суспензијата му истекува во јули.
По прес-конференцијата направија гужва зад сцената.
https://www.facebook.com/mmafighting/videos/10155394815389479/
.