Потврден мечот меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа

Се најавуваше со месеци, а сега и официјално е потврден мечот во тешка категорија меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа.

Украинецот на 26 август ќе ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО на боксерски настан во Полска. Боксерскиот спектакл ќе се одржи на стадионот во Вроцлав.

Усик по втор пат ќе ја брани светската титула која ја освои пред две години против Ентони Џошуа, а успешен беше и лани во реваншот.

Даниел Дубоа е задолжителен предизвикувач на ВБА, а појасот на привремениот шампион го освои пред една година со нокаут во четвртата рунда против Тревор Брајан.

На почетокот на декември минатата година во својот последен настап го совлада Кевин Лерена со прекин во третата рунда.

А шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, се уште нема противник. Се споменуваа неколку кандидати, а во последно време се појавија сериозни гласини дека би можел да организира егзибициски меч против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON