Потсетете се на лудата ноќ и најпознатиот падобранец во историјата на боксот (ВИДЕО)

Holyfield Bowe

На денешен ден 1993 година во Лас Вегас се одржа една од најлудите ноќи во историјата на боксот. Борбата познат како „The Fan Man Fight“, освен големиот реванш Ивандер Холифилд и Ридик Боу, го паметиме и по падобранецот Џејмс Милер, кој со своето слетување на јажињата од рингот ја прекина борбата за титулата и ги шокираше сите присутни.

Се до 1992 година и првата борба со Боу, Холифилд беше непоразен и во своја сопственост ги имаше ВБА, ИБФ и Линеал титулите. Таа пресметка, во која Боу славеше со едногласна одлука на судиите, беше прогласена за борба на годината од страна на магазинот Ринг.

Само една година подоцна е реваншот во кој Холифилд со мнозинска одлука на судиите ги враќа во негова сопственост ВБА, ИБФ и Линеал титулите. Освен по сосема рамноправната борба, овој настан ќе се памети по 21 минути прекин во седмата рунда, кога Џејмс Милер, подобро познат како „Фан мен“, со моторен параглајдер слета на јажиња од рингот.

Третиот и последен меч на овие тешкаши се случи во 1995 година, кога Боу стана првиот човек кој со прекин го запре „The Real Deala“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON