Најголемата светска ММА организација објави фантастично видео на својот канал на Јутјуб наречен „UFC Year of the Fighter“, потсетувајќи ги фановите на големите успеси на Мирко Филиповиќ во текот на 2006 година.
Кро Кап во тоа време беше на врвот на својата кариера и се бореше на турнирот во отворена категорија на Прајд. Напорната година Мирко ја заврши со пораз од Марко Хант, а потоа беше во рингот дури во мај 2006 година.
Хрватскиот борец со прекин за само 70 секунди го совлада Јапонецот Икухиса Минова.
Неколку недели подоцна, тој во првата рунда со лоу кик го скрши отпорот на Јапонецот Хидехико Јошида, кој во рингот се појави во кимоно и со црн појас околу половината.
Финалето на турнирот се одржа во септември. Тој во полуфиналниот меч со брутален нокаут со лев „хај кик“ го совлада Бразилецот Вандерлеј Силва, а во финалето го чекаше ново соочување против Џош Барнет кој ги нокаутира Александар Емелијаненко, Марк Хант и Минотаур Ногуеира.
Мирко Филиповиќ по седум и пол минути борба со прекин го совлада Барнет и стана шампион на Прајд. Тоа беше најголемиот момент во кариерата на Кро Кап.
УФЦ овојпат ги потсети своите фанови на одличната година на Мирко, кој до тронот стигна со четири убедливи победи: