Потпретседателот на Боксесрката федерација на Украина, Владислав Мангер, е осомничен за убиството на активистката Екатерина Гандзјук што е главна тема на коментари во земјата во последните шест месеци.
Обвинителот Јуриј Лученко смета дека убиството на Гандзјук е поврзано со нејзините истраги за нелегалното сечење шуми, замаскирани со сомнителни пожари.
На 31 јули 2018 година непознат човек и фрла в лиц сулфурна киселина. Три месеци подоцна таа почина во болницата.
Мангер е осомничен и иследуван како организатор на убиството на Екатерина Гандзјук која била советник на градоначалникот на градот Херсон.
Освен што е бокс шеф, Владислав Мангер е претседател и на хокеарска клуб Дњепар и претседател на Окружниот совет на Херсон.