Потпишан меморандумот за независност за спортот кој треба да донесе унапредување и развој!

Двете главни спортски тела во земјава, Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Македонскиот Олимписки Комитет, заедно со претставниците на сите спортски федерации денеска конечно го потпишаа меморандумот за автономија и независност, документ кој ислезе како сериозен проблем во последниот период после неколкуте писма од ИОК за регулирање на спортското законодавство.

Иако овој Меморандум за автономија и независност беше обврска уште од поодамна, дури денеска откако искрсна проблемот во изминатиов период, го потпишаа АМС, МОК и националните федерации на свеченост во хотелот „Парк“ во Скопје.

„Ова е документ на Обединетите нации, а коавтор е Интернационалниот Олимписки комитет за независност за спортот. И нема причина зошто да не го усвоиме, а сè со една цел да ја зголемиме независноста на спорот. Ова е извонредно важно за сите“, рече првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на потпишувањето на овој меморандум посочи дека со него ќе се унапреди спортот и ќе се унапредат федерациите, олимпизмот, а ги повика сите да го почитуваат до крај.

„Потпишуваме документ, кој ќе го унапреди спортот и федерациите, како и соработката помеѓу институциите. Направивме чекори за да го унапредиме спортот и олимпизмот во државата. Ги повикувам сите да го почитуваат овој меморандум за поуспешен спорт и развој на истиот“, рече Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON