Потер одби два милиона долари за меч со Крафорд

Шон Портер ја оцени како „навреда“ понудата од два милиона долари за средба во рингот со Теренс Крафорд.

33-годишниот Американец не кажа која сума ќе го задоволи да го предизвика сонародникот за појасот во полусредна категорија на ВБО, но призна дека се надева на понуда од 3 до 5 милиони.

Барањето многу експерти го опишаа како нелогично, бидејќи Портер моментално не носи никаква титула и досега ги загуби своите три големи меча – против Ерол Спенс Јуниор, Кит Турман и Кел Брук.

„Разбирам како се одвива бизнисот во моментов, да се понудат два милиони долари е навредливо, а сите во боксот знаат дека во полусредна категорија е најжешко. Управуваме со многу пари, многу внимание, ќе заработиме многу со ваков меч. Можете да му понудите на Кел Брук два милиони, бидејќи тој ќе ги прифати, доволно му се. Тие не се за Шон Портер“, рече Портер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON