Посочен следниот противник на Ломаченко

Авторитетниот боксерски новинар Ден Рафаел го именуваше следниот ривал на поранешниот светски шампион во три категории Васили Ломаченко.

Според него, Украинецот следната борба ќе ја одржи против поранешниот шампион во лесна категорија на ИБФ од Гана Ричард Коми.

„Според извори, Ломаченко најверојатно ќе се сретне со поранешниот шампион во лесна категорија Ричард Коми на 11 декември“, напиша Рафаел на Твитер.

Претходно се дозна дека Ломаченко ќе се врати во рингот на 11 декември. Тоа ќе биде негов втор меч оваа година, откако во јуни со нокаут го совлада Масајоши Накатани.

Коми ги нокаутира Доминиканецот Џексон Маринес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON