Алексеј Олејник е незадоволен од фактот што легендарниот Федор Емилијаненко за иден противник го избра Фабио Малдонадо, со кого ќе се сретне во јуни. Според наводите на тешкашот на УФЦ, најсилната ММА промоција била подготвена да му понуди на рускиот борбец подобри финансиски услови отколку конкурентските организации.
Олејник смета дека Федор на располагање имал неколку интересни понуди, но се одлучил да се сретне со борец кој е во надолна линија.
„Ова е прв пат што слушнам за Малдонадо. Него ретко кој го познава, тој има три порази во последните четири натпревари и беше ослободен од УФЦ, бидејќи, едносватно, не припаѓа таму. Се разбира, Федор е одлична опција за него“, рече Олејник за Спорт-експрес.
Олејник, инаку е последниот борец, кој го победи Мирко Филиповиќ, тврди дека во разговорите со УФЦ дознал дека најсилнита ММА промоција била подготвена да му понуди подобри финансиски услови на Федор отколку Ризин, во која Русинот го одарботи последниот меќ.
„Федор изјави дека е подготвен за секој противник, вклучувајќи го и шампионот на УФЦ, Вердум. Тој тврдеше дека е подготвен за сите предлози, но не беше задоволен со условите. Разговарав со лидерите на УФЦ и ми беше кажано дека му биле понудени одлични услови. Биле подготвени секоја понуда на Ризин да ја надминат за сто илјади американски долари“, заклучи Олејник.