Посен ден за каратистите на Балканското првенство во Пореч

По првиот ден Балканското карате првенство во Пореч, Хрватска, Македонија без медал.

Јована Георгиева и Симона Симовска се петтопласирани.

За репрезентацијата на Македонија настапуваат: Фаик Весели, Петар Заборски, Берат Јакупи, Жарко Аросвски, Сара Радичевска, Јована Георгиева, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Симона Симовска во борби и Мартина Арсовска и Александар Неделковски во кати, како и машкиот (Бајовски, Спасовски и Спасовски) и женскиот ката тим (Алексовска, Арсовска и Гашева).

На шампионатот учествуваат 10 репрезентации со 884 натпреварувачи за деца, сениори и ветерани.

Македонија се врати во Карате федерацијата на Балканот.

Олимписката шампионка Ивет Горанова од Бугарија е поразено во финалето од Туба Јакан од Турција со 0-6 во катгеоријата до 55 килограми.

Резултати

-84 кг
Берат Јакупи – Константинос Мастрогијанис (Грција) 1-0
Берат Јакупи – Урош Мијалковиќ (Србија) 0-1

-55 кг
Јована Георгиева – Панагијота Кулуриду (Грција) 2-1
Јована Георгиева – Тања Ѓокиќ (БиХ) 3-1
Јована Георгиева – Туба Јакан (Турција) 1-2
За бронза
Јована Георгиева – Хасани Алесандра (Хрватска) победа на Хасани

-61 кг
Вероника Костовска – Џагла Есер (Турција) 2-4

+68 кг
Симона Симовска – Милена Јовановиќ (Црна Гора) 4-1
Симона Симовска – Фатма Ујгур (Турција) 3-10
За бронза
Симона Симовска – Фотеса Орана (Косово) 1-2

Кати
Мартина Арсовска е 25

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON