Пориер за опремата од борбата со Мек Грегор на аукција доби 26.200 долари

Дастин Пориер собра 26.000 американски долари за својата добротворна организација „Гуд фајт/ Good Fight“ откако ја продаде опремата со која настапи против Конор Мек Грегор.

Пориер доби повеќе од 49 понуди за шорцевите, маицата, капата, ракавиците и бандажерите што ги носеше пред реваншот со Ирецот на УФЦ 257. Победникот на наддавањето е анонимен.

Непосредно пред долгоочекуваната битка со Пориер, Конор Мек Грегор донираше и голема сума на добротворната фондација на Дијамантот. Тој напишал чек од 50.000 долари за Фондацијата „Гуд фајт“.

Фондацијата на Пориер помогнала на многу социјални групи. Од градење системи за вода во Уганда до обезбедување учебници за адолесценти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО