Пориер се подготвува да го празнува Божиќ со шампионскиот појас како плато

Дастин Пориер изрази уверување дека на крајот на оваа недела ќе го оствари својот сон и ќе стане светски шампион на УФЦ. Дајмонд ќе се соочи со Чарлс Оливеира на УФЦ 269 во борбата за појасот во лесна категорија.

Тие се во одлична серија, шампионот ги победи Кевин Ли, Тони Фергусон и Мајкл Чендлер, додека Пориер двапати ги победи Ден Хукер и Конор Мек Грегор. Судирот во Лас Вегас во недела наутро по македонско време се очекува со голем интерес, а се чини дека Дастин веќе прави планови како ќе ја искористи светската титула доколку таа му падне во раце.

„Ќе биде Божиќ (наместо Денот на благодарноста). Ќе направам одлична вечера, со секакви деликатеси. Ќе јадам од појасот, ќе го користам како плато, ќе ми биде послужавник за мене и за моите најблиски“, се закани Пориер.

И Оливеира нема намера само така да се откаже од титулата. Бразилецот е уверен дека може да се спротивстави на борбените способности на Американецот, притоа признавајќи дека ќе има значителна предност во однос на борбата на партер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON