Пориер прв предизвикувач, а Мек Грегор испадна од Топ 5, ама ги трие рацете од добрата заработка

Конор Мек Грегор загуби со нокаут минатиот викенд, првпат во кариерата.

Американецот Дастин Пориер го победи Ирецот во втората рунда на УФЦ 257 што се одржа на островот Фајт во Абу Даби.

По тој судир имаше промени во ранг-листата на УФЦ на предизвикувачи во лесна категорија на УФЦ.

Хабиб Нурмагомедов е актуелен шампион, а наскоро ќе треба да одлучи дали ќе се врати со борби или не.

На првото место на предизвикувач на новата листа е Дастин Пориер кој го прескокна Џастин Гејџи.

Трет е Чарлс Оливеира пред Мајкл Чендлер, кој го заврши експресно дебито со Дан Хукер и Тони Фергусон.

Конор Мек Грегор падна на шестото место по тешкиот пораз. Но, ирскиот борец за утеха останува со големата заработка што ја обезбеди со настапот на последниот настан на УФЦ.

Имено, Мек Грегор имал загарантирана плата од пет милиони долари за борбата, но и договорен дел од продажбата на ППГ преносот, што би бил 20 милиони долари.

Ирецот може да заработи најмалку 25 милиони долари од последната борба.

Но, тоа е сè уште помалку од она што го заработи пред една година против Доналд Цероне. Конор тогаш заработи 30 милиони долари за 40 секунди борба со Каубојот.

Дастин Пориер, кој го доби својот најголем хонорар во УФЦ – милион долари, исто така може да биде задоволен.

Тој не заработи толку многу во претходните три борби против Хукер (150 000 американски долари), Хабиб (250 000 американски долари) и Холовеј (250 000 американски долари).

И тој сигурно ќе добие дел од приходите од трансферот на ППГ, но не како Мек Грегор. Точната сума е непозната.

Во пресрет на борбата, Конор објави дека ќе донира половина милион долари од неговиот основен хонорар на фондацијата Пориер „Добра борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО