Пориер го нокаутира Мек Грегор (ВИДЕО)

Спектакуларниот УФЦ 257 е заклучен со изненадувачка победата на Дастин Пориер над Конор Мек Грегор. Ирецот после година дена од последната борба е изненадувачки поразен и тоа со нокаут, прв во кариерата.

Порие го доби спектаклот со технички нокаут, Конор на половина од втората рунда се најде на подот. Со лево кроше го зашемети, а со десното го собори, судијата ја прекина борбата и го прогласи Пориер за победник.

 

Пред оваа борба, Ден Хукер и Мајкл Чендлер ги одмерија силите. Чендлер кој дебитираше во УФЦ го нокаутир Хукер уште во првата рунда. По победата ги предизвика Конор и Пориер и Хаби.

Главна програма – УФЦ 257:
Дастин Пориер го победи Конор Мек Грегор – нокаут,Р2
Мајкл Чендлер го победи Дан Хукер – технички со нокаут, Р1
Џоан Калдервуд ја победи Џесика Ај – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Махмуд Мурадов го победи Ендру Санчез – технички нокаут, Р3
Марина Родригез ја победи Аманда Рибас – технички нокаут, Р2

Воведни борби:
Арман Царукијан го победи Мет Фревол – едногласна судиска одлука
Бред Таварес го совлада Антонио Карлос Жуниор – едногласна одлука
Хулијана Пења ја победи Сара Мекман – ЗАВР (Р3 3:39)
Марсин Прачнио го победи Халил Раунтри Јуниор – едногласна одлука
Мовсар Евлоев го победи Ник Ленц – поделена одлука
Амир Албази го совлада Жалгас Жумагулов – едногласна одлука

ФОТО: UFC/TWITTER

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО