Бразилскиот ММА борец Џон Линекер (34-9) го победи Американецот Трој Вортен (7-2) со нокаут во првата рунда на ОНЕ на ТНТ 3 во Сингапур. За поранешниот борец на УФЦ, ова беше трет настап за промоцијата ОНЕ и трета победа.
Линекер наметна ритам од почетокот на борбата и постојано го напаѓаше противникот, па на крајот од првата рунда ја искористи можноста и го заврши мечот. Вортен го замени Стивен Ломан, кој беше позитивен на Ковид-19.
Во дебито за промоцијата на ОНЕ, Австралиецот Џон Вејн Пар загуби во мај тај судирот против поранешниот шампион на Глори, Холанѓанецот Ники Холцкен.
Ганслинџер беше запрен со технички нокаут по одличниот „висок удар“ во втората рунда. Австралиецот последен пат загуби во 2014 година.
Во борбата за титулата, Јапонецот Јуја Вакамацу со едногласна одлука го победи австралискиот борец Рис Мекларен.
Погледнете ги борбите меѓу Џон Линекер и Трој Вортен и Џон Вејн Пар и Ники Холцкен: