Поранешниот двоен шампион на Глори, 31-годишниот Робин ван Росмален, кој е сериозно повреден во сообраќајна несреќа во средата, ги контактираше фановите преку социјалните мрежи.
Несреќата во која загина неговата две години помлада сестра Мелиса се случи во близина на Нeувеген и Утрехт.
Нивниот автомобил, кој бил застанат крај патот поради дефект, беше удрен од камион. Борецот на Белатор мораше да биде опериран во четвртокот.
„Ви благодариме на сите за пораките, ја ценам љубовта и поддршката што ми ја испраќате. Операцијата помина добро“, рече Робин ван Росмален со објава на својот Инстаграм, додавајќи:
„Не можам да одговорам на секоја порака, но да, ја погледнав секоја“.