Поранешниот боксерски шампион, Адриен Бронер кој беше на врвот дури во четири категории заврши во притвор на помалку бизарен начин.
Пред две години Бронер нападнал жена во ноќен клуб поради што бил осуден на две години условен затвор.
Жртвата го тужела и приватно, но Бронер износот од 830.000 долари никогаш не го платил затоа што ја уверил судијката дека банкротирал. На едно од рочиштата и донел извештај од банка на кое пишува дека на сметката има само 13 долари.
Сепак, екс-боксерот сам себеси се открил со објава на социјалната мрежа Инстаграм каде се гледа голема сума на пари, а судијаката Ненси Маргарет Русо ги проверила неговите активности на оваа социјална мрежа.
Се испостави дека само три дена порано, Бронер поставил видео со дебели трупчиња од 100 американски долари.
Адриен се фали со валутата и ја расфрла на масата. Откако е фатен во тесно, одговорот на обвинетиот беше дека тоа се пари на неговите пријатели.
Засега, тој ќе остане во притвор и мора да продолжи да работи општокорисна работа. Во наредните денови ќе мора да го докаже своето тврдење дека парите им припаѓаат на неговите „богати пријатели“ со презентирање на целосен финансиски извештај.