Поранешната репрезентативка Блерина Сефери пред нов трансфер во Бундес лигата!

Blerina seferi

Џудистката Блерина Сефери, која од пред неколку месеци настапува за германската репрезентација и настапува во германската лига за клубот од Хамбург, а ги бранеше боите на македонската репрезентација неколку години во пионерска и кадетска конкуренција во категориите до 48 килограми, сега има понуда од три клуба во Бундес лигата од идната година да настапува за нив.

Откако го зема германското државјанство, оваа година Сефери настапи на Државното првенство на Германија и беше трета, додека под знамето на Германија настапи и на Европскиот куп за кадети во Теплице и Европскиот куп за кадети во Берлин. Во Берлин Сефери беше 7-ма. На Европскиот џудо куп за кадети „Биелско Бијала 2015“ во Полска го освои бронзениот медал.

Blerina seferi judo pobeda

„Вистина е дека три клубови ме барат за да ги засилам идната година. За мене ова ќе биде ново искуство, поради тоа што ќе се борам со повозрасни противници од мене. Подготовена сум, но, заедно со моите родители,за брзо време ќе одлучам каде ќе заминам“, рече 16 годишната Блерина.

Утре таа ќе настапи на Купот на Германија за сениори.

Блерина Сефери е од Шипковица-Тетово, а во Македонија настапуваше за ЏК Ипон од Скопје. Таа беше неколку кратен државен првак на Македонија и освојувач на две златни и еден сребрен медал од Балканијадите за пионери и кадети, а на Европскиот куп за кадети во Португалија беше 5-та. Во тоа време Сефери беше нашата најдобра џудистка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON