Поранешната на Адесања сака половина од неговата заработка

Поранешната девојка на шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања, го тужи за половина од неговото богатство.

Таа ќе го тужи бидејќи тврди дека двајцата „се забавувале предолго и таа му ја поддржувала кариерата“. Шон О’Мели ја објави веста додека зборуваше на подкаст емитуван на Јутјуб каналот на Шугар.

О’Мели рече дека дотичната девојка никогаш не била мажена за Израел, ниту пак имала дете со него. Сепак, таа верува дека има право на половина од неговото богатство бидејќи „тие се забавуваа премногу долго и таа ја поддржуваше неговата кариера во Ултимејт фајтинг шампионатот, УФЦ“.

„Не знам каков беше нивниот однос бидејќи не ни знаев дека има девојка. Таа сака половина од она што тој излегол таму и заработил. Апсолутно е смешно“, рече О’Мели.

Адесања неодамна откри дека имал многу отровна врска со бившата. Богатството на Адесања се проценува на околу 6 милиони долари, што значи дека неговата поранешна бара 3 милиони долари. Адесања е една од најголемите ѕвезди на УФЦ.

На почетокот на април Израел му се реваншира на Алекс Переира и си ја врати титулата во средна категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREAK MMA (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON