Поранешната ѕвезда на УФЦ, Фелис Хериг (14-10) за малку ќе се отрвеше со најлутата пиперка на светот – „каролина рипер“.
Американката на социјалните мрежи сподели фотографии на кои е во очајна состојба на подот од нејзиниот тоалет.
View this post on Instagram
Таа признава дека се обложила со нејзиниот брат дека може да се справи со лутата пиперка, но како резултат на тоа завршила на плочките и не можела да стане 15 минути.
Каролина рипер дава резултат од 2,2 милиони на скалата на Сковил, иако Хериг пишува дека е 5,3 милиони, сепак, тоа е највисокото ниво на пикантност во еден прехранбен производ досега.
За споредба, топлите спрејови за самоодбрана започнуваат од 2 милиони на скалата Сковил.