Поранешен УФЦ борец заврши во кома по бокс меч (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ борец Тим Хаг (1-3, 1 КО) заврши во кома по бокс мечот во Едмонтон.

34-годишниот канадски тешкаш е тешко нокаутиран во втората рунда на мечот со Адам Бреидвуд (8-1, 7 КО).

Неговите проблеми почнаа по судирот со главите (временскиот код 2:20) во првата рунда.

По борбата заврши во болница на интензивна нега со повреда на мозокот.

Пријателот на Хаг и борец Коди Крахан на Фејсбук напиша: „Кога дојдовме во соблекувалната видовме дека веднаш мора да оди во болница. Тим во моментов е во кома. Мораше да биде опериран за да се намали притисокот на мозокот, но затоа што не сум му семејство не можеа да ми кажат повеќе“.

Хаг се бореше во УФЦ во периодот меѓу 2009 и 2010 година. Во дебито со гилотина го победи Пат Бери, а ги загуби следните три борби – од Тод Даф, Крис Тачшерер и Џои Белтран. ММА скорот му е 21-13.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON