Поранешен шампион за големиот меч: Усик има одлична боксерска интелигенција и Фјури тешко може да го следи

Поранешниот американски боксер и светски шампион Бернард Хопкинс неодамна и ги откри на боксерската јавност своите размислувања за претстојната борба во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

Двајца од најдобрите тешкаши и најдобрите борци во категоријата повторно ќе ги одмерат силите во дуелот закажан за 21 декември во Саудиска Арабија.

Во првиот меч во средината на мај Усик го победи Фјури со поделена одлука и стана неприкосновен светски шампион за прв пат во ерата на четири појаси.

Кралот на Ромите доминираше во првиот дел од борбата, а потоа Украинецот ја презеде контролата, а особено беше активен во деветата рунда кога британскиот борец беше соборен.

Фјури во реваншот влегува како мал аутсајдер, бидејќи, освен што ги сака светските шампионски појаси на ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО (Усик го напушти појасот ИБФ во моментов во сопственост на Даниел Дубоа), сака да стане и боксерот кој му го нанел првиот пораз на Украинецот во професионалната кариера.

Хопкинс неодамна го кажа своето мислење за големата борба која доаѓа на крајот на годината и верува дека Усик ќе извојува нова победа над големиот ривал.

„Мислам дека помалиот човек е навистина голем во душа и има огромен талент“, рече Бернард Хопкинс и продолжи:

„Усик веќе еднаш ја зеде мерката на Фјури и без разлика што не е некој голем тешкаш, мислам дека токму неговата големина му помага во оваа борба. Има одлична боксерска интелигенција и на Фјури му е тешко да го следи, а камоли да изржи додека поминуваат рундите. Ми се допаѓа Усик, верувам дека повторно ќе му даде дополнителна работа на судијата во рингот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON