Двајца од најдобрите и непоразени тешкаши на денешницата, Тајсон Фјури и Александар Усик ќе боксираат на 18 мај во Саудиска Арабија во меч за апсолутен светски шампион.
Како што наближува борбата се повеќе се анализира најголемиот судир во тешка категорија во последните 25 години. Во 1999 година Ленокс Луис стана последниот боксер кој ги обедини сите титули.
Поранешниот светски шампион во полутешка категорија Тони Белју даде прогноза за претстојниот меч меѓу Фјури и Усик.
„Мислам дека борбата нема да биде убава за гледање. Но, тоа ќе биде спектакл, а Усик ќе победи“, рече Тони Белју и додаде:
„На секој шампион му дојде во дворот. Тоа го направи во полутешка категорија и ги обедини титулите, а истото му го направи и на Ентони Џошуа. Го претепа и него“.
Белју верува дека Усик ќе ја продолжи победничката серија и повторно ќе триумфира во најголемата борба во кариерата.
„Усик ќе го победи Фјури без разлика што шансите можеби не се на негова страна. Станува збор за приказна за „андердог““, истакна Тони Белју и подвлече:
„Фјури можеби е фаворит, но Усик не треба да се потценува, сите знаеме колку е добар во рингот. Никој не очекуваше дека ќе стигне толку далеку во тешка категорија“.