Поранешен шампион тврди: Фјури ги откри слабостите на Вајлдер, Џошуа може да го победи

Поранешниот шампион Ентони Џошуа го исполни првиот дел од планот, па годинава има два успешни настапи.

Британскиот тешкаш ги победи Џермејн Френклин и Роберт Хелениус, а сега најверојатно ќе се соочи со Дионтеј Вајлдер.

Нивниот меч би можел да биде договорен за почетокот на следната година.

Поранешниот шампион во крузер категорија, Џони Нелсон, верува дека Џошуа знае како да го победи Вајлдер.

„Ентони дефинитивно може да го победи Дионтеј. Но, Еј Џеј не е она што го знаеме во моментов, му треба поголема самодоверба. Фјури ги откри слабостите на Вајлдер. Оној кој го препознава ова и добро се подготвува може да го победи Вајлдер. Фјури го надбоксира во три меча, а тоа значи нешто. Ова е рецептот за победување на Вајлдер“, нагласи Џони Нелсон и додаде:

„Џошуа и неговиот тим треба да ги гледаат натпреварите каде Фјури го уништи Вајлдер. Би требало да го испратите. А Луис Ортиз му задаваше проблеми на Дионтеј. Но, Вајлдер искористи дел од секундата невнимание и го нокаутира Кубанецот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON