Поранешниот шампион во суперсредна категорија Џорџ Гроувс верува дека Тајсон Фјури мора да го промени својот животен стил и да се посвети на подготовките доколку сака да победи во мечот за обединување на титулите во тешка категорија против Александар Усик.
Многу очекуваната борба е закажана за 17-ти февруари во Саудиска Арабија и ќе биде првпат по 24 години, по Ленокс Луис да има апсолутен шампион во тешка категорија.
Фјури разочара во последениот настап против боксерскиот дебитант Френсис Нгану, кога победи со поделена одлука во многу тесен меч на крајот на октомври.
Јасно беше дека Кралот на Ромите го потцени поранешниот шампион на УФЦ и дека не се подготви како што треба, што го доведе во опасна ситуација. Во еден момент се најде во нокдаун.
А Усик пристигнува на најважниот меч во кариерата по триумфот против Даниел Дубоа. Украинецот на крајот на август со нокаут го совлада Британецот во тешка категорија во деветтата рунда.
Џорџ Гроувс во последното интервју размислуваше за претстојниот спектакл и верува дека Усик би можел да го победи Фјури.
„Усик е подобар борец. Навистина е во добра форма. Го ценам, паметен е и најкомплетниот борец во тешка категорија. Има боксерска острина, се истакнува во рингот и манипулира со кого и да се бори. Сега знае дека го чека висок противник, голем и тежок. Но, сепак верувам дека може да го победи Фјури“, изјави Џорџ Гроувс и додаде дека Тајсон мора сериозно да ги сфати подготовките:
„По последната борба против Нгану, Фјури ќе мора целосно да се промени, бидејќи такво нешто не може да оди против Усик. Тој меч треба да го принуди Тајсон да се посвети на тренинзите што е можно повеќе и малку повеќе. Не смее да прескокне ниту една подготовка, мора да се прилагоди на ситуацијата и да направи се што е потребно, бидејќи го чека врвна натпреварувачка борба“.