Поранешниот шампион Белатор во средна категорија Александар Шлеменко сподели трагична приказна на својот профил на социјалните мрежи.
36-годишниот ветеран отишол во пливање во реката Иртиш, каде што забележал труп. „Бура“ успеал да го извлече телото на брегот, а потоа ги повика надлежните органи. Тој објави видео на социјалните медиуми, во кое ги предупредува своите сонародници да не го ризикуваат животот со капење во реката.
Следуваа многу коментари под видеото, а еден приврзаник му побара сметка, затоа што не го спасил човекот. Шлеменко изјави дека веќе бил удавен и немало што да направи.
Александар има скор 59-12-1 во ММА, а во последната борба на крајот на минатата година го совлада Дејвид Бранч. Тој има доби три од последните четири борби и се токми за договор со УФЦ.
https://www.instagram.com/p/CBX3tXvA7x7/?utm_source=ig_embed