На социјалните мрежи се прошири снимка од инцидентот пред „Вембли’с бокспарк“. Имено, група млади момчиња почнале да прават проблеми, а еден бил особено агресивен.
Тој се однесува непримерно, оттурнува други луѓе и бара пресметка.
Се обидоа да го смират, но тој продолжи сам да турка. А потоа се свртел кон еден од обезбедувачите и се упатил кон него.
Чуварот се вратил неколку чекори наназад, а потоа со кроше го удрил агресивниот млад човек, кој завршил во нокаут.
А тоа лице од службата за безбедност е поранешен боксер, 57-годишниот Џулиус Френсис.
Поранешниот тешкаш се пензионираше во 2006 година и во кариерата имаше дури 48 професионални натпревари. Никогаш не бил светски шампион, но се борел против боксерските великани.
Во 1997 година се бори за титулата европски првак против Жељко Мавровиќ.
Хрватскиот боксер победи со технички нокаут, а една година подоцна Френсис боксираше против Виталиј Кличко и тој меч го загуби.
Британецот загуби и од Мајк Тајсон во 2000 година со нокаут во втората рунда.
Џулиус Френсис е со прекумерна тежина и далеку од формата од боксерските денови, но сепак знае добро да погоди. А покрај боксерските вештини тренираше и ММА и кик бокс.
Former British heavyweight champion Julius Francis (who fought Mike Tyson) now working as security at BOXPARK Wembley and dealing with some trouble today…
[🎥 @GloryGloryTott]pic.twitter.com/MDL9yVLfZ9
— Michael Benson (@MichaelBensonn) June 13, 2022