Планираното појавување на Тајсон Фјури во Даблин на 13 февруари е откажано поради смртни закани.
Фјури требаше да гостува во хотелот Хеликс на вечер со фановите, но гостувањето е откажано откако организаторите добиле закана дека „ќе се повтори Регенси“.
Пред три години во хотелот „Реџинси“ во Даблин дојде до пукотници на мерењето за мечот првак на Европа на ВБО.
Во гангстерската пресметка беше убиен член на бандата Дејвид Бирн, а двајца негови пријатели беа ранети.
Бирн припаѓаше на банда која од Шпанија ја води осудениот наркодилер Кристи Кинахан.
Во координирана акција двајца напаѓачи носеа АК-47. Еден беше преправен во жена, а другиот беше облечен во полициска униформа.
Од хотелот објавија дека настанот е откажан и ќе испратат соопштение: „Поради непредвидени околности, вечерта со Тајсон Фјури на 13 февруари во Хеликс е откажана“.
Исто така е отакажано и појавување на Фјури во Корк.
Due to circumstances beyond our control An Evening with Tyson Fury at Cork Opera House has been cancelled.
Our staff will be in touch with ticket holders to arrange a refund.
If you have any queries please contact us: 021 4270022.
We apologise for the obvious inconvenience. pic.twitter.com/Rpn5FJLo8f— Cork Opera House (@CorkOperaHouse) February 5, 2019
.