Пополнета борбената карта на мечот за светската титула на најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски против Берк Дузенли од Турција. Тие ќе се борат за профисионален светски првак во кик бокс на ВАКО во К1 до 88,6 килограми.
Настанот „ВАКО Про Арена фајт најтс“ е на 26 април во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.
Ова е за првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кик бокс настан, кој е еден од најголемите настани во регионот.
На спектаклот ќе настапат и други познати македонски кикбоксери, предводени од светскиот првак Димитар Ѓоргиев, искусната Викторија Варадинова, талентираната и перспективна Марија Димовска, македонската иднина Силвио Мировски, Максим Митровски и Нелсон Узеир.
ВАКО Про Арена фајт најтс:
88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик
73 кг Лоаи Сакаш (Србија) – Александар Милошевиќ (Србија) К1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори
Карти за овој настан може да најдат преку Kupikarizase.com (онлајн) по цена од 350 денари и на билетара.