Дали боксерските шлемови (кациги) ја заштитуваат главата од оштетување, односно од траумите што ги нанесуваат ударите на мозокот? Тоа е вечното прашање на кое нема конкретен одговор, а е тема на многу дискусии.
Она што е јасно е дека шлемот е ефикасен во спречување на осекотини, гребнатини и модринки, па затоа борците редовно ја носат во подготвителните недели пред да влезат во борилиштето. Но, спречува ли мозочна траума, која се јавува како резултат на тешките спаринзи?
Мислењата се различни. Додека некои сметаат дека помага, бидејќи го намалува интензитетот на ударот, други веруваат дека шлемот, всушност, го зголемува обемот на главата, што ја прави полесна мета за противникот.
Сепак, истражувањето спроведено од страна на д-р Ендру С Мек Интош од еден универзитет во Австралија, сепак, покажа дека шлемот може да помогне при амортизацијата на ударот. Особено, ако тоа е квалитетен шлем.
Според мерењата направени во истражувањето, силата на ударите кои се зададени под прав агол (од директните удари) и оние од страничен агол (крошеа) е намалена за околу 50 проценти. Тоа е секако многу позитивно за секој борец кој ја носи оваа заштита. Заклучокот што се наметнал на крајот од истражувањето, вели официјалните AIBA шлемови (Меѓународната аматерска боксерска федерација) помогаат да се заштитат боксерите (и на другите борци) до одреден степен.
Кога зборуваме за ракавици, тогаш сигурно препорачува спаринг со ракавици од16 или 18 унци, кои значително го ублажуваат ударот.