Полска не сака Руси на Европските игри во Краков

Генералниот секретар на Руската боксерска федерација Татјана Кириенко изјави дека во случај спортистите да не бидат примени на III Европски игри во Полска, ќе се разгледа прашањето за учество на Азиските игри. Тие ќе се одржат наесен.

„Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ни дозволува да настапуваме со неутрален капацитет, но полската страна дава изјави дека руските и белоруските спортисти нема да бидат примени на Европските игри во Краков.

Во кореспонденција сме со организаторите. Се надеваме дека се ќе ни успее и момците ќе можат да одат на Европските игри“, ја пренесува Кириенко РИА новости спорт.

Татјана рече дека организацијата има план Б, што подразбира можност за учество на Азиските игри.

„Доколку не успееме да се натпреваруваме во Полска, тогаш, покрај планот А, имаме и план Б. Сите релевантни програми ги развиваме заедно со руското Министерство за спорт“, рече Кириенко.

Европските игри ќе се одржат од 21 јуни до 2 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON