Полицијата со претерана сила го парализирала ММА борецот

donovan-duran

ММА борецот Донован Дуран беше делумно парализиран, како последица на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата над него минатиот месец. Така, Дуран доживотно нема да биде во можност да оди или да ги користите рацете.

Полицијата го уапси Дуран на 7 декември 2015 година, откако по повик на еден член од неговото семејство за „пијан ММА борец“. Тој е уапсен за пијанство и недолично однесување, но тврди дека полицијата му нанел тешки повреди на вратот, поради што сега е делумно парализиран.

„Ме соборија на подот. Со колената ме притиснаа, користејќи ја сета сила. Ми го ставија коленото на грбот. Не чувствувам ништо под половината, не можам самиот да се задржам на нозе. Со текот на времето се чувствував се послаб и почна да ме боли вратот. Знаев дека нешто не е во ред и реков дека не можам да се понрднам, но не ми веруваа. Лекарот ме крена, но јас паднав на подот, а нозете ми отидоа во различни правци“, вели Дуран.

Уште потрагично е тоа што против Дуран не е поднесен обвинителн акт или пријава, а тој поради тешката повреда доживотно нема може да оди. Освен нозете, повредата на ‘рбетот го спречува да ги користат рацете и прстите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON