Таткото на рускиот ММА борец Магомед Јунусилау – Сули починал во болница откако бил претепан од тројца полицајци за време на обидот за апсење, објавија руските медиуми.
Лекарите утврдиле повреди на мозокот, како последица на тепањето, а кои се покажаа како смртоносни за човекот. Против униформираните лица се поведени кривични дела за намерно нанесување на тешки телесни повреди и злоупотреба на службената должност.
Самиот Магомед Јунусилау кој е двократен светски шампион во категоријата до 65,8 килограми, го прикажа татко му со црно-бела фотографија на социјалните мрежи без да додава коментар под неа.