Поли Малигнаџи: Артем Лобов е подвижна боксерска крушка и ќе биде изобличен

Големите противници, па и непријатели, Поли Малигнаџи и Артем Лобов ќе имаат шанса да ги решат непријателствата во рингот за една недела, кога ќе се борат со голи раце на настанот БКФЦ/BKFC 6 што ќе се одржи на Флорида.

Веќе видовме две конференции за печатот пред борбата меѓу нив, кои беа прилично жешки. Поли си дозволи да го погоди Лобов со шлаканица, а потоа го тресна и се обиде да го удри со микрофонот. Малигнаџи верува дека е добро подготвен за нивната битка и е во искушение да го осквернави, затоа што Лобов бил подвижна боксерска крушка.

„За да се подготвам за Артем удирав боксерска крушка, затоа што тој е боксерска крушка, но со нозете. Направивме многу работи, за да бидеме подготвени за моето деби во БКФЦ. Тоа ќе биде болна вечер за Артем. Од една страна имаме борец од светска класа, а од друга страна е боксерска крушка. Тој ќе биде многу упорен, но сепак ќе биде погоден.

Мислам, ќе видите дека сум борец од друга класа. Бев шампион и бев во рингот со многу шампиони. Тој го нема тоа искуство. Ќе видите каква е разликата. Битката ќе заврши, а лицето на Лобов ќе се распадне. Ќе му го смачкам лицето. Се надевам дека ќе издржи, бидејќи планирам да го претепам во сите рунди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON