Покрај хрватскиот боксер Тони Филипи и неговиот тренер Томо Кадиќ за време на престојот во Лондон на кавлификациите за Олмписките игри во Токио со Ковид-19 се заразени репрезентативецот на Турција Серхат Ѓулер, неговиот тренер и уште еден човек од турската делегација, јавија денска турските медиуми.
Бидејќи целосно не е изминат периодот на инкубација (14 дена), за очекување е појава на други случаеви со заразени со коронавирусот од актерите на боксерскиот турнир во Лондон, на кој настапија дури 350 спортисти од 40 земји.
На турнирот настапија и нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама, кои се уште се „заглавени“ во Лондон, каде што скоро пред две недели настапија на олимпискиот квалификациски турнир.
Гоце и Јасин се во хотел, чекајќи го чартер летот на Владата. Т
Тие не се во карантин, бидејќи не биле во контакт со Хрватот Филипи, но прашање е да се види нивната реакција на информацијата од Турција, пред се што заразениот боксер се натпреварувал во иста категорија како и Јанески (до 75 килограми).
По пристигнувањето во Скопје, без разлика кога тоа би било, двајцата ќе мора да заминат во задолжителен двенеделен карантин.