Погленете како Френсис Нгану се подготвува за Ентони Џошуа

Френсис Нгану се подготвува за втората борба во боксерскиот ринг. Во пресрет на претстојната борба Нгану го објави првиот дел од видео блогот за неговата подготовка.

Френсис Нгану во март ќе се бори во боксерскиот ринг со Ентони Џошуа. За Френсис ова ќе биде втора борба. Во првата борба загуби на поени од Тајсон Фјури, но одлуката беше контроверзна. Нгану сега се подготвува за втората борба и објави видео материјали од подготовките. Во првиот дел од видеото Френсис вели:

„Дадов се од себе во ММА, па ми беше многу важно еден ден да влезам во рингот“.

Борбата на Нгану со Џошуа треба да се одржи на 8 март во Саудиска Арабија.

Френсис е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија, кој ја прекина соработката со најголемата ММА лига во светот. Ентони Џошуа, пак, е поранешен боксерски шампион во тешка категорија. Зад себе има 30 борби, од кои 27 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON