Бруно Асис е новиот шампион во средна категорија во организацијата Титан ФЦК. Бразилскиот борец го победи Шејн О’Шија со задушување во првата рунда на „Титан 70“ во Мајами. Асис стигна до тронот во својата втора промоција.
А, за потегот на вечерта се погрижи Ројберт Ечеверија од Венецуела, кој во првата рунда го нокаутира Ернест Волс со одличен удар со пета. Тоа беше 15-ти пораз по ред на американскиот борец.
Можеби Ернест треба да размисли дали ќе ја продолжи кариерата, бидејќи досега има само две победи и дури 18 порази.
Тоа беше нивна втора борба годинава. Имено, Ечеверија го совлада Волс во февруари задушувајќи се во првата рунда.
You guys like spinning heel kicks? We've got those on UFC FIGHTPASS pic.twitter.com/bT1n5uRRzN
— UFC FIGHT PASS (@UFCFightPass) July 3, 2021